Изложба на фотографии “Фото Фокус 2013“

10.07.2013 08:17 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер ќе се отвори меѓународната изложба на уметничка фотографија “Фото Фокус 2013“.

Изложба на фотографии “Фото Фокус 2013“

За третата меѓународна изложба на уметничка фотографија “Фото Фокус 2013“, организаторот Фото Кино Клуб „Козјак“ доби 4122 фотографии од 563 автори од 70 земји. Сите пристигнати фотографии се со специјални културни карактеристики кои ја направија изложбата со висок артистички квалитет.

 Жирито во состав Луис Алберто Франке  од Аргентина, Теодор Пантеа од Романија и Драган Проле од Босна и Херцеговина прими 637 фотографии на слободна тема и 707 фотографии на тема живот.

Кумановци ќе можат да видат фотографии изработени од фотографи од Франција, Германија, Турција, Канада, Бугарија, Бангладеш, Бразил, БИХ и многу други земји.

Отварањето е закажано во 20 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk