Изложба на фотографии „Карпестата уметност во Македонија“

12.11.2018 18:17 | KumanovoNews

  Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер (вторник) во 19 часот ќе биде отворена изложба на цртежи и фотографии „Карпестата уметност во Македонија“.

Изложба на фотографии „Карпестата уметност во Македонија“

Изложбата ја организира Советот на Општина Куманово и Светската академија на карпеста уметност.

„Човекот уште одамна, уште од времето на палеолитот, чувствувал потреба зад себе да остави некаква трага. Во Македонската карпеста уметност постојат цртежи, кои навистина се занимливи за понатамошни истражувања. Нашата научна јавност мора да обрне нужно внимание на карпестата уметност и да ја проучи од различни аспекти. Во карпестата уметност забележуваме знаци поврзани со човековото несвесно, - изјавил проф. д-р Владимир Величковски, професор на катедрата за археологија и историја на уметност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk