Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" - Куманово, утревечер (29 септември) во 20 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии, цртежи, објекти на авторката Биљана Кајевиќ.
Изложбата е со наслов "Коса" и се базира на линија, структура, форма, симболика и сето тоа преточено во дваесетина експонати во кои косата е ставена во разни контексти и релации.
Косата секако крие некаква магија, во било кој контекст да ја разгледуваме, преку нејзината естетска функција, преку нејзиното чудо на непрестан раст, преку значењето што го има во немата меѓучовечка комуникација, како средство за контрола од страна на религиозни и општествени формации, форма на идентификација и знак на припадност.
Биљана Кајевиќ дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје, во класата на професор Рубенс Корубин.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk