Изложба на фотографии „Мојот интеркултурен дом“

06.03.2019 14:45 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре (7.03.)  во 12 часот ќе биде отворена  изложба на фотографии „Мојот интеркултурен дом“.

Изложба на фотографии „Мојот интеркултурен дом“

Изложбата ја организира здружението „Креатор“ Куманово, а се состои од фотографии на млади аматери од Македонија, Црна Гора и Албанија.

Изложбата пренесува пораки за соработка, почитување, толеранција, прифаќање на различностите.

Движечката изложба на фотографии која се организира во рамки на проектот „Rainbow Bridge“  финансиран од страна на Регионалната канцеларија за младинска соработка - РИКО.

Изложбата ќе ја отвори претставникот на РИКО во Македонија, Алберт Хани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk