Изложба на фотографии на Марјан Шалајко во Уметничката галерија во Куманово

04.03.2024 12:40 | Оливера Пешевска

Во Уметничката галерија во Куманово, утре со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на фото - графики „Заборавени“ на Марјан Шалајко Јаневски. Публиката ќе види 30 фотографии, направени локално, во родниот град на авторот.

Изложба на фотографии на Марјан Шалајко во Уметничката галерија во Куманово

„Фотографирани се стари и напуштени објекти во градот, заборавени и запоставени од луѓето, па од таму и името на изложбата. Графиките раскажуваат како природата ги превзема и создава уметнички дела. Со фотографија се занимавам од 1982 година, кога на 19 години го добив својот прв, професионален апарат од Германија. Од тогаш најприродно се чувствувам зад објективот“, истакна Јаневски.

Ова е петта самостојна изложба на авторот кој има над 40-годишно искуство и безброј фотографии, што документарни, што уметнички во својата архива. 

Јаневски е долгогодишен член на Фото кино клубот „Козјак“ од Куманово. Прва своја самостојна изложба ја одржал уште во 1997 година.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk