Изложба на фотографии „Напуштени храмови“

23.06.2016 08:14 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утревечер во 20 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов “Напуштени храмови“ од  авторот Стефан Шашков.

Изложба на фотографии „Напуштени храмови“

Оваа изложба беше презентирана во Њујорк и Струмица а во Куманово ќе биде поставена во периодот 24.06. - 06.07.2016.

Стефан Шашков е роден 1963 во Скопје. Дипломирал на Институтот за Историја на уметност и Археологија при УКИМ, во Скопје, 1991 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk