Изложба на фотографии од меѓународната колонија Старо Нагоричане

22.02.2018 10:24 | KumanovoNews

Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19.30 часот ќе се одржи изложбата на дела од меѓународната фотографска колонијата која се одржува во Старо Нагоричане.

Изложба на фотографии од меѓународната колонија Старо Нагоричане

Љубителите на уметничката фотографија ќе имаат можност да видат двесетина фотографии од прекрасните предели и богато културно наследство на  Старо Нагоричане.

На колонијата која се одржала минатото лето учествуваа десет фотографи од Македонија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk