Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре ќе биде отворена изложба на фотографии– “Скриени шепоти“ од академскиот уметник Мухамедали Алили – Дали.
Изложбата содржи 30-тина фотографии од неговото најново творештво.
Мухамедали Алили – Дали е роден на 01.06.1972 во Куманово, Македонија. Дипломирал на ФЛУ Скопје во 2000, отсек: графика, во класата на професор Димитар Малиданов. Се занимава со сликарство, графика, дизајн и фотографија.
Учествувал на многу групни изложби во Македонија и странство.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk