Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија Куманово, утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата: "Сакралните објекти и рурална архитектура во Велешкиот регион".
Изложбата содржи 36 паноа со фотографии на сакрална и рурална архитектура од Велешко. На паноата, преку фотографии се претставени црквите и куќите во дел од велешките села.
Автори на изложбата се: Елица Николова, историчар на уметност и директор од Музејот во Велес и м-р Дарко Николовски, историчар на уметност од Националниот конзерваторски центар од Скопје.
Изложбата се реализира во соработка со Народен музеј - Велес.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk