Изложба на фотографија на Димитар Чунговски - Чунга

01.09.2016 16:01 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово,  утре (петок) во 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметничка фотографија на авторот Димитар Чунговски – Чунга насловена како “Два света”.

Изложба на фотографија на Димитар Чунговски - Чунга

Изложбата ја организира Фото клубот Куманово.

„Ќе бидат изложени четириесетина фотографии на авторот. Самото име на изложбата навестува дека има фотографии во два правца. Eдниот е живот и улична фотографија, а другиот правец се фото-монтажи, по кои овој автор е меѓународно познат и признат. Колку изложбата е квалитетна покажува и фактот што при создавањето на поставката беа вклучени 4 мајстори на фотографија од Македонија и странство. Затоа ги повикувам граѓаните и љубителите на уметничка форографија да дојдат и да ја посетат оваа несекојдневна изложба по квалитет во Куманово“, - изјави Софија Петковска, претседател на фото клуб Куманово.

Димитар Чунговски – Чунга е роден во Битола, 1979 година. Неговите почетоци во фотографијата се поврзани со рачната изработка на аналогна црно-бела фотографија уште на мала возраст, за време на основното образование.

После направената пауза за време на неговите студии, а со доаѓањето на дигиталната технологија, некаде во 2003 година тој продолжува да се занимава со фотографската уметност.

 Активно членува во Фото Кино Клуб Битола од неговото формирање.

Учествувал на повеќе од педесет домашни и меѓународни групни изложби на фотографии каде што има освоено голем број награди и признанија. Ова е негова прва самостојна изложба во која се претставува со 40-тина фотографии.

Изложбата ќе биде поставена до 14 септември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk