Изложба на графики и слики Давор Кешќец во Куманово

23.03.2022 09:44 | Сузана Николиќ

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата “Once again“ на авторот Давор Кешќец. Се работи за мала ретроспектива составена од дваесеттина графики и слики работени во последните неколку години.

Изложба на графики и слики Давор Кешќец во Куманово

Давор Кешќец е роден 1997 во Скопје. Средно образование ДСУЛУД „Лазар Личеноски”- Скопје, оддел графика, (2011-2015). Дипломиран на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, оддел графика, (2015-2020). Член на ДЛУМ од 2020.

Добитник е на награда “Young Art” категорија сликарство од 21-29 години во Скопје.

Имал повеќе самостојни и групни изложби во повеќе градови во државата, а изработувал мурали во Крива Паланка, Велес и др. 

Изложбата ќе биде поставена до 06 април.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk