Изложба на графики од Стефан Јакимовски во Центарот за култура од Крива Паланка

01.07.2023 12:57 | Жаклина Цветковска

Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура во Крива Паланка синоќа беше отворена изложба на графики од младиот уметник Стефан Јакимовски.

Изложба на графики од Стефан Јакимовски во Центарот за култура од Крива Паланка

Ова е четврта по ред самостојна изложба на Јакимовски  од неговиот најнов циклус на графики, произлезен од дневникот на уметникот.

„Во сегашниот циклус графичкиот лист има форма на квадрат,кој асоцира на малите квадрати на рубиковата коцка, еден од пасиите на авторот. Секоја графика е енергичен ликовен запис на успешни композиции на линии, текстури и површини во различни техники  на длабокиот печат“, подвлекува проф.-р Славица Јанешлиева од ФЛУ.

Јакимовски е дипломиран графичар и постдипломец на Факултетот за ликовни уметности. Член е на ДЛУМ, досега учествувал на повеќе ликовни колонии и на повеќе од 30 изложби во земјав и во странство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk