Изложба на Христо Петрески во Куманово

17.06.2015 08:32 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревeчер во 20 часот, ќе биде отворена изложбата “Сликајќи го џезот“ од Христо Петрески.

Изложба на Христо Петрески во Куманово

Петрески е роден на 4 февруари 1957 година, во Крушево. Магистрирал културологија во книжевноста на Институтот за македонска литература при Универзитетот “Кирил и Методиј“- Скопје, на тема "Хаику поезијата - меѓу елитното и масовното".  Докторирал на тема "Авторска бајка - компаративна анализа". Директор е на Институтот за сценски уметности на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје. Автор е на повеќе од 50 книги.  Добитниик е на наградите: "Ацо Шопов", "Крсте Петков Мисирков", "Васил Куноски", "Ванчо Николески", "Крсте Чачански", "Рациново признание“ и други. Петрески е новинар и писател. Бил новинар и уредник во Редакциите на: "Студентски збор", "Млад борец", Радио Скопје и "Нова Македонија". Од 1982 година е основач и директор на Издавачката куќа "Феникс" - Скопје и Фондацијата за научна и културна афирмација и презентација "Македонија презент" - Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1985 година, а сега е член и на неговото Претседателство.

Изложбата ќе биде поставена до 2 јули.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk