Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во салонот на Уметничката галерија во Куманово, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Празни не(д)остатоци“ Марина Цветановска-Мартиновска од Куманово.
Пред публиката ќе бидат претставени 6 инсталации - композиции од релјефи и просторни инсталации на академскиот уметник.
Нејзините дела секогаш раскажуваат и во себе ги имплементираат прашањата за една лична, но истовремено и сечовечка приказна, како личен и универзален печат на еден простор, на едно историско време (идентитет), еден миг (сеќавање ), но и недостаток (духовна болка), инкорпорирани низ метафизичката димензија на празното и празнината, суштествените елементи на нејзиното творештво.
Цветановска-Мартиновска е авторка кој зад себе има дваесет години творештво, а со тоа и сериозни ликовни презентации пред ликовната публика, станува збор за 10 по ред самостојна изложба во земјава и надвор од неа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk