Изложба на карикатури „Струмица 2012“

22.03.2012 09:27 | KumanovoNews

 Вечерва со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена изложбата на карикатури од Меѓународниот фестивал на афоризми и карикатури - Струмица 2012„.

Изложба на карикатури „Струмица 2012“

Фестивалот оваа година се одржува по 13 пат и е инспириран од струмичкиот карневал, а како главна тема е карневалот и еротиката. На фестивалот учествувале познати карикатуристи, а од 26 земји пристигнале околу 250 карикатури и 630 афоризми.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 05.04.2012 година.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk