Изложба на кумановските ликовни уметници посветена на Денот на градот

09.11.2022 08:45 | Оливера Пешевска

Во Уметничката галерија во Куманово, утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници 2022“.

Изложба на кумановските ликовни уметници посветена на Денот на градот

Изложбата има традиционален карактер и секоја година се организира по повод 11 Ноември – Денот на ослободување на Куманово. 

Оваа година на изложбата учествува 21 ликовен уметник од градот, со слики изработени во најразлични ликовни техники, графики и просторни инсталации. 

На изложбата учестваат: Александар Симоновиќ,  Мирослава Цветковиќ, Страхил Петровски, Марина Цветановска Мартиновска, Александар Величковски, Зоран Јакимовски, Стефан Анчевски, Марија Величковска, Гоце Божурски, Ана Јовановска, Мухамет Идризи, Деа Салихи, Валентина Илијевска, Дејвид Стоилковски, Дарко Трајковски, Акиме Насуфи Реџепи, Стефан Јакимовски, Симона Јакимовска, Игор Андреиќ, Трајан Трајковски и Мирослав Величковски.

Изложбата ќе биде поставена до 22 ноември.

Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј – Куманово, под покровителство на Министерството за култура и Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk