Изложба на Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште“ во Куманово

16.10.2024 11:55 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на НУЦК ”Трајко Прокопиев” – Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Свети Николе.

 

Изложба на Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште“ во Куманово

Ќе бидат изложените дваесеттина дела на уметници од различни делови на светот. Изложбата ќе прикаже разновидност на стилови и техники, демонстрирајќи ја воедно моќта на уметноста како дисциплина која има можност да поврзува луѓе и идеи.

„Овој групен творечки опус што ќе биде презентиран пред кумановската публика е резултат на напорите на организаторот Домот на културата “Крсте Мисирков“ Свети Николе да одржи континуитет во работата на колонијата, како и интензивната работа и соработка на учесниците на оваа манифестација коишто создадоа уникатни уметнички дела инспирирани од околината и локалната култура на локалитетот „Ѓуриште“, велат организаторите. 

Изложбата ќе биде поставена до 7 ноември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk