Изложба на слики од Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2021“ во Куманово

09.11.2021 12:04 | Сузана Николиќ

Во Изложбениот салон на Центарот за култура – Куманово, утре вечер во 19 часот ќе биде отворена 19-та Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2021“.

Изложба на слики од Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2021“ во Куманово

Изложбата содржи 19 слики работени во техниката акрил на платно на уметниците: Маја Ефтимова Стојанова – Македонија, Александар Стефановски – Македонија, Христина Стојчевска - Македонија, Гроздан Крстевски - Македонија, Дејан Арсовски – Бабата – Македонија, Зоран Арсовски – Бабата – Македонија, Елизабета Зафирова Стојанова – Македонија, Милена Тошиќ – Србија, Далибор Јовановски – Македонија и Емилија и Стојче Тоциновски – Македонија. 

Поради пандемијата и новонастанатите сложени услови за работа дел од уметниците работеа во своите ателјеа а поголемиот дел на местото кадешто традиционално се одвиваат активностите на оваа
реномирана колонијата – хотелот “Грација“. 

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 24.11.2021 а потоа ќе биде претставена во неколку други галериски простори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk