Изложба на Момчило Аврамовски во Кавадарци

28.06.2015 12:35 | KumanovoNews

Во Домот за културата “Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, во понеделник во 20 часот ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Момчило Аврамовски.

Изложба на Момчило Аврамовски во Кавадарци

Се работи за 25 графики работени во техниката линорез и комбинирана техника, насловени како “Чудесен свет“. Координатор на изложбата е Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“- Куманово.

Аврамовски припаѓа на постарата генерација на македонските академски уметници, коишто сé уште се активни, со потврден творечки континуитет. Тој е роден 1935 година во Куманово. Првите сознанија за ликовната уметност ги добива од академскиот сликар Кирил Караџа, кој со својата педагошка дејност позитивно влијае на многу негови ученици (меѓу кои и на Аврамовски), а кои подоцна станаа значајни имиња во македонската современа уметност од Куманово . Изложбата беше отворена во Куманово, Кратово и Кочани, а во Кавадарци ќе биде поставена до 4 јули.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk