Изложба на Момчило Аврамовски во Кочани

08.06.2015 08:44 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура “Бели мугри“ во Кочани утре во 12 часот, ќе биде отворена изложба на графики на академскиот сликар Момчило Аврамовски.

Изложба на Момчило Аврамовски во Кочани

 Се работи за триесеттина графики работени во техниката линорез и комбинирана техника, насловени како “Чудесен свет“. Координатор на изложбата е Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од  Куманово. Момчило Аврамовски припаѓа на постарата генерација на македонските академски уметници, коишто сé уште се активни, со потврден творечки континуитет.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk