Изложба на мотиви на носии во кумановско

26.11.2016 10:06 | KumanovoNews

Стотина експонати на ткаени делови од носии, синоќа беа претставени на етно изложбата „Мотивите - белег на традицијата“ во Уметничката галерија Куманово.

Изложба на мотиви на носии во кумановско

Целта на изложбата е да се презентираа мотивите на ткаенините како декорација на носијата и уметничкото творештво на македонската жена од кумановскиот регион од минатото.

- Кумановската јавност има можност да се запознае со мотивите и орнаментите што жената од почетокот на 20-тиот век успеала да ги прикаже сите нејзини чувства во парчето облека или ткаеница,- изјави авторката Надица Петковиќ, кустос во Музеј Куманово.

На мотивите преовладува ромбот изработен од конци, оплеменети со срма и метални пари. Овие мотиви и денес се инспирација за модните дизајнери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk