Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија, утревечер во 19 часот, ќе биде отворена изложбата “Покуќнински предмети од стакло и порцелан 20 век„ на авторката Милица Пешевска Николовска, советник етнолог во Музеј Куманово.
На изложбата ќе бидат претставени околу 100 -тина експонати од стакло и порцелан, предмети кои биле користени од побогатите семејства во Куманово во периодот на 20 век. Предметите се донесени од европските центри, а се откупувани од соседните земји Грција и Србија и од побогатите кумановски семејства. Изложбата ќе ја отвори директорот на Музејот во Куманово , Анита Цветановска и истата ќе трае 30 дена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk