Изложба на шарпланинци во Куманово

26.11.2019 12:25 | KumanovoNews

Во Куманово по првпат, викендов, се одржа меморијална специјализирана кинолошка изложба за расата шарпланинец, во организација на кинолошкото друштво "Тумбак", а во чест на покојниот судија Владимир Крстевски.

Изложба на шарпланинци во Куманово

Владимир Крстевски беше голем промотор на расата шарпланинец, писател на книгата "Македонскиот Горостаз Шарпланинец", а воедно и кинолошки судија.

На изложбата учествуваа 76 кучиња, како од државата така и од соседните земји.

„Секако дека треба да се негува и развива расата шарпланинец, бидејќи тоа е нашата автохтона раса. Овој настан заслужува да прерасне во традиција, затоа што оваа раса е дел од нашите простори“, вели Мартин Славољубовски, од организацискиот одбор.

Организатрите и кинолошкото друштво „Тумбак“ на чело со Кирче Крстевски се надеваат дека овој настан ќе прерасне во традиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk