Изложба на Сашо и Пандора Саздовски во Куманово

08.12.2016 15:07 | KumanovoNews

   Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики, скулптури и инсталации на авторите Сашо Саздовски и Пандора Апостолоска - Саздовска.

Изложба на Сашо и Пандора Саздовски во Куманово

Проектот “Објекти” (скулптури и цртежи) на Сашо Саздовски се надоврзува на претходна серија “Разлики”. Фокусот на интерес на авторот е истражувањето, комбинирањето на каменот како природен материјал со плексигласот како вештачки добиен производ.

Инсталацијата на Пандора Садовска  се поврзува со настаните кои се случуваа во Куманово и е приказ на детско игралиште за време на конфликт, водена од психолошкиот аспект говори за тоа колку војната и насилството влијаат врз децата и траумите како последица на истата.  

Двата проекта во Куманово ќе бидат изложени до 20. декември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk