Изложба на скулптури „Акт“ од Ненад Тонкин во Куманово

20.10.2022 07:30 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на скулптури на авторот Ненад Тонкин. 

Изложба на скулптури „Акт“ од Ненад Тонкин во Куманово

Се работи за најновата продукција од 8 скулптури работени со комбинирани материјали.

Ненад Тонкин е воспитувач во градинка и академски скулптор. Неговата магистерска теза од областа на скулптурата го истражува и анализира уметничкиот предизвик при создавање скулптури инспирирани од цртежи на деца од градинка.

Изработува скулптури исклучиво со употреба на рециклирани материјали и најдени готови предмети. Насликал неколку мурали со поголеми димензии. Реализирал повеќе самостојни и групни ликовни изложби во земјата и странство. 

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 03. ноември 2022 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk