Изложба на скулптури во керамика инспирирани од делата на Пабло Пикасо

12.04.2023 11:55 | Сузана Николиќ

Во Уметничката галерија на Музеј-Куманово утревечер во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Филип Фидановски, под наслов „Пикасо можеби јас“. 

Изложба на скулптури во керамика инспирирани од делата на Пабло Пикасо

На изложбата ќе бидат прикажани 10 скулптури - портрети изработени во керамика, инспирирани од делата на големиот шпански уметник Пабло Пикасо, како и легенди на делата на кои ќе бидат претставени репродукции од оригиналните дела на  Пикасо, од кој се инспирира уметникт.

Изложбата е дел од серија на изложби кои се во организација на Амбасадата на Кралството Шпанија, по повод 140 години од раѓањето и 50 години од смртта на Пабло Пикасо и е дел од вонпрограмските активности на НУ Музеј - Куманово.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk