Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј - Куманово, вечерва со почеток од 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академската уметница Деа Салихи од Куманово.
Станува збор за нејзина прва самостојна изложба на авторката под работен наслов “Фрагменти од светот на жената“ на која ќе биде прикажана продукција од 20 ликовни дела, работени во различни ликовни техники на сликарство, графика и скулптура.
Деа Салихи е родена 1997 година во Куманово. Дипломирала сликарство во 2020 година на Факултетот за ликовна уметност во Тетово, во класот на Проф.Решат Амети. Досега со своето творештво зела учество на повеќе групни изложби и ликовни колонии. Живее и работи како слободен уметник во Куманово и Тетово.
За ликовната публика изложбата беше поставена до 15 септември 2022 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk