Изложба на слики и цртежи “Почеток“ на Жаклина Денковска во Куманово

09.05.2019 07:26 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики и цртежи на авторката Жаклина Денковска од Куманово.

Изложба на слики и цртежи “Почеток“ на Жаклина Денковска во Куманово

Ова е прва самостојна изложба на Дековска а делата се работени во периодот од последните две години.

Жаклина Денковска (31) почнала да се занимава со сликање на хартија, техника молив и молив во боја за да подоцна премине на платно со акрилни бои техника што ја применува и до ден денес. Инспирација и мотивација добива од секојдневниот живот и истите ги интерпретира на свој специфичен начин. Во 2018 година учествуваже на изложбата “Самоуки 2018“ во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“–Куманово со три дела.

Оваа изложба е нејзино прво самостојно претставување.

Изложбата на цртежи и слики со наслов “Почеток“, изработена од авторката Жаклина Денковска од Куманово, претставува обид за првично поцелосно запознавање на еден млад автор со пошироката публика, - напиша Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk