Изложба на слики Карпино

08.11.2011 09:18 | KumanovoNews

 Во изложбениот салон на Центарот за култура, вечерва ќе биде отворена изложба на слики од ликовната колонија „Карпино 2011„.

Изложба на слики Карпино

Изложбата ја организира Мултимедијалниот центар Карпино и локалната самоуправа по повод Денот на ослободувањето на градот.

На публиката ќе и бидат претставени делата на Лидија Вуисиќ, Трајан Трајковски, Томислав Нешковски, Драгиша Димитриевски Шипе, Стојан Додевски, Александар Стефановски, Елица Пелева, Јосиф Гавриловиќ, Марта Сиецзак и други.

Почетокот е закажан во 19.30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk