Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура во Кочани вчера е отворена изложба на слики од ликовната колонија „Карпино 2016“.
Изложени се 17 дела во повеќе техники од вкупно 30-тина, колку се создадени во комплексот „Грација“ во Куманово. Учествуваа ликовни уметници од Бугарија, Романија, Србија и Македонија.
На отворањето на изложбата присуствуваа претставници од мултимедијалното здружение „Карпино“.
Делата од колонијата „Карпино“ досега биле изложени во Куманово и Виница, а по презентацијата во Кочани ќе бидат изложени и во Кавадарци и Пробиштип.
Изложбата ќе биде отворена до 5 мај годинава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk