Изложба на слики „Катарзична исповед“ од Мирјана Крстева Массетти

05.11.2018 06:56 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Уметничката галерија при НУ – Куманово, вечерва во 19.30 часот,  ќе биде отворена самостојна изложба, под наслов “ Катарзична исповед “ нa авторката Мирјана Крстева Массетти.

Изложба на слики „Катарзична исповед“ од Мирјана Крстева Массетти

Пред публиката ќе бидат прикажани 20 ликовни дела работени во комбинирана техника од нејзиниот најнов ликовен циклус.

Ова е дваесетишесто по ред нејзино самостојно представување. Зад себе авторката исто така има учество на многу групни изложби и ликовни колонии во земјава и странство, како и активност на полето на ликовната педагошка дејност.

Изложбата  е поддржана од Министерството за култура на Р. Македонија и за сите љубители на уметноста во Куманово ќе биде отворена до 15. ноември годинава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk