Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово задутре во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики “Минливи секвенци“ од авторката Маја Јаќимовска.
Изложбата содржи двесеттина дела, а ова е прво самостојно претставување на авторката.
„Точката од којашто тргнува младата авторка Маја Јаќимовска во конципирање на својот творечки циклус со наслов “Минливи секвенци“ претставува една фасцинација од ефектите на артифициелното светло во ноќните услови како еден феномен којшто го продуцира човекот за своите потреби. Со таа пракса, всушност, современиот човек го покажува своето присуство во просторот во вечерните часови кога природната видливост е многу мала и кога треба тој негов хендикеп на суштество програмирано со природни предиспозиции за делување во дневни услови да се надмине и овозможи непречено опстојување и работење во ноќниот период, - напиша Роберт Цветковски, историчар на уметноста.
Маја Јаќимовска е родена 1991 во Крива Паланка. Дипломиран сликар со модул графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје -2014 год. Во тек втор циклус на студии на Европскиот Универзитет во Скопје, На факултет за Арт и дизајн -насока графички дизајн. Добитник на втора награда на VII Студентско Интернационално Арт Биенале. Учествува на повеќе групни изложби во земјата и во странство.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 28 септември.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk