Изложба на слики на академскиот сликар Трајче Чатмов во Куманово

14.09.2022 12:52 | Сузана Николиќ

Во салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј - Куманово, вечерва со почеток од 20:00 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Трајче Чатмов. 

Изложба на слики на академскиот сликар Трајче Чатмов во Куманово

На изложбата ќе биде прикажана продукција од 30 ликовни дела, слики и цртежи работени во акрилна техника во актулената 2022 година. Изложбата оваа лето беше отворена во Скопје и Охрид.

Трајче Чатмов е роден во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во класата на проф. Рубенс Корубин, магистрирал на истиот факултет под менторство на проф. Родољуб Анастасов. Досега, има излагано во повеќе ликовни салони во земјава, а бележи учества во повеќе групни меѓународни ликовни проекти во Германија, Полска, Словенија, Јапонија и други.

За ликовната публика изложбата ќе биде поставена до 30 септември 2022 година.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk