Изложба на слики на Ангелина Поповска

13.09.2018 10:56 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија – Куманово, утре во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба, под наслов “ Landscapes “ нa авторот Ангелина Поповска.

Изложба на слики на Ангелина Поповска

Изложбата Landscapes содржи 20-тина дела изработени на плексиглас и комбинирана техника со извонредна технолошка вештина во комбинирањето на врзивата и боите во еден современ сплет, апликации и провидност, кој е одраз на оваа сликарка.

Aнгелина Поповска остварува повеќе групни и самостојни изложби во земјата и странство и повеќе први награди.

Авторката работи во Национален конзерваторски центар-Скопје во лабораторијата за конзервација на икони.

Изложбата е подржана од Министерство за култура и во Куманово ќе биде отворена до 28 септември 2018 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk