Изложба на слики на Димитар Стојчевски

24.04.2016 10:43 | KumanovoNews

Четириесетина дела: масло на платно, акрил и цртежи, на академскиот сликар Димитар Стојчевски, изложени се во Уметничката галерија во Куманово.

Изложба на слики на Димитар Стојчевски

Се работи за ретроспективна изложба на слики кои авторот ги создавал во последните четири децении. Повеќето од делата се со мотиви од манастирот „Јоаким Осоговски“.

„При секој контакт дали е колонија, ателје, сакав да го најдам неговиот духовен простор, архитектура, експресија на колорит. Така што тој циклус го развивам во континуитет и не знам до кога ќе ме држи. Засега манастирот уште фигурира како лајт мотив, - вели авторот Стојчевски.

Изложбата се реализира во соработка со Градскиот музеј од Крива Паланка. Стојчевски прва изложба во Куманово ја имал во 1974 година.

Димитар Стојчевски е роден 1940 година во Сисак, Република Хрватска. Средното училиште го завршил во Скопје на одделот за декоративно сликарство во 1959 година, по што се запишал на Академијата за ликовна уметност во Белград. Од 1969 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а од истата година е и вработен на Градежниот факултет во Скопје. Во 1987 година заедно со други ентузијасти ја формирал ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски„ во Крива Паланка. Неговите деле се наоѓаат во приватни збирки и колекции во Македонија, Грција, Германија, Шпанија, Англија и САД.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk