Изложба на слики на Емилија и Стојче Тоциновски во Куманово

02.04.2025 14:26 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата на слики “Славит природата“ од авторите Емилија и Стојче Тоциновски. 

Изложба на слики на Емилија и Стојче Тоциновски во Куманово

Изложбата содржи 30-тина слики работени во техникат акрил на платно и е дел од нивната најнова продукција.

Авторите м-р Емилија и д-р Стојче Тоциновски  се академски ликовни уменици. Како сопружници и уметници од 2011 година заедно творат создавајќи препознатлив естетски свет и уметничка постапка.

Инспирацијата е натурализмот пренесувајќи го исконското во нив. Дрвата и планините се нивен личен печат и ги има во сите нивни уметнички дела. Учесници се на голем број групни изложби и имаат петнаесет самостојни изложби во Македонија, Хрватска и Црна Гора. Живеат и работат во Скопје.

Изложбата ќе биде поставена до 15. април 2025.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk