Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена изложба на слики од 25-та Интернационална кичевска ликовна колонија.
Делата во најголем број се слики работени во техниката масло и акрил на платно, но има и графики и скулптури.
Изложбата ќе биде поставена до 15 октомври.
На оваа реномирана колонија којашто се организира во „Куќата на уметноста“ на локалитетот Кнежино, учество зедоа дваесетина уметници од земјата и странство.
Претставувањето на 25-та Интернационална кичевска ликовна колонија во Куманово е дел од Годишната програма подржана од страна на Министерството за култура на Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk