Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 19 часот пред кумановската ликовна публика ќе се претстави современата македонска сликарка Лара Ташковска.
Ќе бидат изложени дваесетина дела – слики во техника масло, акрил и акварел.
Ова е нејзина прва самостојна изложба по нејзиното враќање од САД, каде добила награда за нејзиното инспиративно сликарство во Санта Фе, Њу Мексико во 2015 година.
Ташковска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 06. март 2024 г.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk