Изложба на слики од Лесновската ликовна колонија во Куманово

07.02.2024 08:06 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 12.30 часот ќе биде отворена 31-та Меѓународна лесновска ликовна колонија. 

Изложба на слики од Лесновската ликовна колонија во Куманово

Изложбата содржи 30 слики изработени од 17-те автори учесници на колонијата.

Меѓународната Лесновска ликовна колонија започнува да се организира далечната 1992 година. Организатор на колонијата е Домот на културата “Злетовски рудар” – Пробиштип , со финансиска подршка од Општина Пробиштип и Министерството за култура. Денес таа прераснува во голема културна манифестација и е препознатлив белег на општина Пробиштип.

Стотици уметници од многу краеви на светот учествувале на Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи голем број на уметнички дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела при Дом на културата „Злетовски рудар”.

На 31 –вата Лесновска ликовна колонија учество зедоа 17 уметници, најмногу од нашата држава, но и од Србија, Бугарија и Данска. 

Изложбата ќе биде поставена до 21. февруари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk