Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики на авторот Мајкл Клос.
Се работи за најновата продукција на 25 слики од овој автор, работени во рамките на повеќегодишниот проект “Сликарството на патот на хуманоста“. Клос е канадски уметник со македонски корени. Роден е во Торонто, а дипломирал сликарство во Канада.
Досега има реализирано околу 130 самостојни изложби во многу локални, интернационални и национални галерии низ светот. Доволно е да се издвојат само изложбите во некои земји: Романија, Соломонските острови , Виетнам, Словенија, Хрватска, Турција, Египет, Франција, Германија, Русија, Казахстан.
Голем дел од изложбите се дел од проектот „Сликарството на патот на хуманоста“ којшто Клос континуирано го реализира со неговата сопруга Менка, историчар на уметноста и кустос.
Над 40 години, Клос претежно во Канада, работел на филм, ТВ и во театар, како сценограф и уметнички директор, а понекогаш и како актер.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 14. септември 2022 година.
О. Пешевска
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk