Изложба на слики на Марија Величковска

11.05.2016 08:47 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики “Импресии“ од авторката Марија Величковска од Куманово.

Изложба на слики на Марија Величковска

Она што го карактеризира најновото творештво на Марија Величковска е со сигурност квадратната симбиоза, интенцијата ликовното платно да се парцијализира на квадратни сегменти, мали излози коишто формираат композиција на принципот: слики во слика. Или попрецизно кажано со јазикот на авторката – витрини во коишто престојуваат нејзините интимни доживувања, перцепции и искуства материјализирани на сликарското платно во сета своја раскош на богати со интензитет, колористички експресивно - асоцијативни волумени и елементи изведени со силни потези на четката, разбранувани и ослободени од потребата да претставуваат нешто повеќе од слободно интерпретираната сликарска потреба за автентично изразување.  Делата се работени во периодот 2012 – 2014 година,- вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

Марија Величковска е родена 1974 година во Скопје. Средно уметничко училиште завршила во Скопје, отсек Применето сликарство. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Родољуб Анастасов, со насока - Дипломиран сликар со модно креирање.

 Учествувала на повеќе самостојни и групни изложби во земјата.

Изложбата ќе биде поставена до 20.мај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk