Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија, утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на слики на академскиот сликар Мирјана Крстева Массетти.
Изложбата се состои од 39 дела работени во техника акрил на платно и комбинирана техника кои се направени во период од 2012 до 2014 година. Авторката е од Гевгелија, а дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија во 2001 година. Од 2010 година таа е член на Друштво на ликовни уметници на Македонија.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура, а истата претходно беше презентирана во Музеј на град Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk