Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 20 часот, ќе биде отворена изложба на слики на академскиот сликар Слободан Тимчевски.
Изложбата содржи 25 дела работени во техниката акрил од најновата продукција на Тимчевски.
„Во најновата збирка на дела на Слободан Тимчевски можеме да согледаме и повеќе други влијанија од поп-арт, стрит-арт и стрипот, што говори за еден едуциран автор којшто има апсолвирано и теоретски знаења коишто успешно ги имплементира во своите дела градејќи еден свој визуелен универзум. Дали истиот ќе биде читлив за пошироката публика останува да се види на самото отварање на изложбата, но со сигурност можеме да кажеме дека во делата на Тимчевски гледаме еден современ автор којшто за краток временски период ќе биде препознатлив и влијателен на македонската ликовна сцена“, - вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста и директор во Центарот на култура Куманово.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена во наредните 14 дена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk