Изложба на слики на Живка Величковска во Центарот за култура во Куманово

22.01.2025 11:24 | KumanovoNews

Во изложбениот салон на Центарот за култура во Куманово, утре во 19 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Живка Величковска од Куманово.

Изложба на слики на Живка Величковска во Центарот за култура во Куманово

На изложбата ќе бидат претставени 35 слики, а тема се цвеќињата.

“Сликите се настанати во последните пет години, активно започнав да сликам во 2019 година, за да го изразам талентот и да го исполнам времето. Сликам со акрилни бои и темпери на платно и цврста подлога. Публиката ќе може да си купи некоја слика затоа што изложбата има продажен карактер. Со оваа изложба сакам да ги инспирирам и поттикнам сите креативни луѓе, без разлика на возраста и образованието да ја искажат и покажат својата креативност во областа на уметноста и рачната работа.“, објаснува Величковска.

 Величковска е дипломиран економист, од 2019 г. како пензионерка се занимава со рачна изработка на украсни предмети од
гипс, глина, хартија, со рециклирање и декупаж техники. Воедно и слика и користи различни техники, мотиви и бои. Претежно акрил и темпера на различни подлоги. Досега учествувала на две групни изложби  „Самоуки“, а ова  е нејзина прва самостојна изложба со нејзината омилена тема- цвеќето. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk