Изложба на слики од Беди Ибрахим

11.02.2015 08:51 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на слики од академскиот уметник Беди Ибрахим.

Изложба на слики од Беди Ибрахим

Изложбата е дел од проектот "Кич, да!?/ сте или не/", кој се реализира седма година по ред, заради презентација и промоција на ликовната уметност и доближување  на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност. Оваа изложба беше поставена во август месец, во Македонскиот културен центар во Њујорк, во Кавадарци, Гостивар, Штип и Тетово, а во Куманово ќе биде поставена до 26 февруари.

Беди Ибрахим е роден во 1959 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот  за ликовни уметности во Скопје на одделот за скулптура во класата на проф. Петар  Хаџи - Бошков во 1985 година. Во 1999 година завршил магистерски студии на истиот Факултет на тема под наслов „Култура и природа" кај проф. Стефан Маневски и Васил Василев.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk