Изложба на слики од Лесновската ликовна колонија

29.11.2017 09:08 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ Куманово, утревечер ќе биде отворена 26 Лесновска ликовна колонија.

Изложба на слики од Лесновската ликовна колонија

На изложбата ќе бидат изложени делата на: Ѓоко Антониев, Кристина Стојчевска, Новица Трајковски, Тони Чатлевски, Васил Костов, Андријана Мациев, Марија Трпеска, Верче Николовска, Ристе Мицевски, Ивана Костадиновиќ, Елеонора Веселинова, Тамара Златенова, Кристина Јовановска, Даниела Никова, Емилија Нушевска, Силвана Богатинова од Македонија, Бисер Кирилов, Пламена Мариова Димитрова од Бугарија и Олга Панкина од Русија.

За сите овие години на нејзиното постоење учествувале бројни и познати ликовни уметници од земјата и странство, а годинава ликовните уметници од Македонија, Бугарија и Русија ликовните дела ги создаваа инспирирани од природните на овој наш вулкански кратер, убавините на Лесновскиот манастир “Свети Гаврил Лесновски“ и просторот околу него, старата традиционална архитектура на лесновската куќа, како и карпестото опкружување.

Колонијата се одржува по 26 пат во организација на Дом на културата “Злетовски Рудар“ од Пробиштип, под покровителство на Општина Пробиштип.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk