Изложба на слики од ликовната колонија Куманово

29.09.2025 14:14 | KumanovoNews

Во лапидариумот на Музеј Куманово, утре во 12 часот ќе биде отворена изложба на дела од интернационалната ликовна колонија Куманово, продукција 2024. 

Изложба на слики од ликовната колонија Куманово

„Ќе бидат изложени 20 ликовни дела, слики изработени од 10 академски ликовни творци кои беа дел од 50-тото издание на минатогодишната колонија. Учество зедоа автори од македонија и пет земји од регионот : Ангел Коруновски и Валентина Илијевска од Македонија, Милош Шариќ, Марин Милутиновиќ и Никола Марковиќ од србија, Здравко Милиќ и Јосипа Чамбер од Хрватска, Цветка Хојник од Словенија, Костин Братиану од Романија и Ѕвонко Павличиќ од Црна Гора“, соопшти Музеј Куманово.

Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј-Куманово, со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk