Изложба на слики „Од очите на ангелот“

27.04.2016 07:58 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер ќе биде отворена изложбата на слики „Од очите на ангелот“, од академскиот сликар Новица Трајковски.

Изложба на слики „Од очите на ангелот“

Изложбата содржи триесет и три дела работени во техниката акрил на медијапан а тематски е прилагодена кон претстојните Велигденски празници. Оваа изложба е второ самостојно претставување на Новица Трајковски во Куманово.

Почетокот е во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk