Изложба на Трајан Трајковски во Куманово

06.09.2018 12:06 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики на авторот Трајан Трајковски со наслов  “Мотиви од Куманово и Кумановско“.

Изложба на Трајан Трајковски во Куманово

Трајан Трајковски е роден 26.10.1945 година во с.Новосељане , Куманово. Завршил Правен факултет и Педагошка академија , група ликовно воспитување во Скопје.

   Основите и љубовта кон ликовната уметност ги добива во учителската школа во ликовниот кружок од професорот  Кирил Караџа и Велимир Ковачевски . Студиите на Педагошката академија ги завршува во класата на Вангел Коџоман и Ванчо Горгиев .

  Со ликовна уметност се занимава повеќе од 50 години , а изложбени активности од крајот на деведесеттите години на минатиот век преку групните изложби на Кумановски ликовни уметници на кои редовно учествува до денес (1998 – 2017) .

  Прва самостојна изложба во 2009 година во Куманово во Уметничката галерија со цртежи со туш  на тема “Стара селска архитектура “.  Учествувал на ликовни колонии во Р.Македонија  и соседните земји и тоа :

2009 – Прилипац , Р.Србија   ( XIV )

2010 – Прилипац , Р.Србија  ( XV )

“Куманово “ 2010  ;  Куманово ( Пелинце )

2011 – Прилипац-2011- Р.Србија ( XVI )

Карпино 2011 – Куманово

Зебрњак , Куманово

2012 – Македонска икона , Куманово

2013 -  Перформанс во Кочани , Р.Македонија

Балкански извори –Вршец, Р.Бугарија .

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk