Изложба на уметничка фотографија на Фото арт групата „Ф7“

19.10.2015 08:54 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена клупската  изложба на уметничка фотографија, организирана од Фото арт групата „Ф7“.

Изложба на уметничка фотографија на Фото арт групата „Ф7“

Оваа група работи при Центарот за култура и во чест на 5 години јубилеј , организира изложба на која ќе се претстават не само нивните членови, туку и фотографи од други клубови од Македонија.

Цветан Гаровски, мајстор на фотографијата направи селекција на фотографиите. Изложбата има промотивен карактер и ќе биде поставена до 30 октомври.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk